вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 158
home Занимливости

„Летечкиот човек“ падна во море обидувајќи се да го прелета Ламанш

„Летечкиот човек“ падна во море обидувајќи се да го прелета Ламанш

Францускиот пронаоѓач, Френки Запата, не успеа да го прелета Ламанш на својата необична летеча платформа со турбо мотори и да ја одбележи 110 годишнината од историскиот лет на Луј Блериот.

„Летечкиот човек“, како што го нарекуваат француските медиуми, не успеа да го повтори овој подвиг бидејќи паднал во морето додека се обидувал да го промени ранецот со керозин.

Запата тргна од плажата Санжат недалеку од Кале и планираше за 20 минути да го прелета Ламанш. После прејдени 18 километри, стигнал до половина од каналот каде требало да го стави вториот ранец со доволно гориво, како би стигнал до заливот Света Маргарита кај Довер.

„Летечкиот човек“, секако, носел адекватна опрема и елек за спасување, така што останал неповреден.

Коронавирус