вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

„Леташе“ низ Менхетн со своето Порше, уништи неколку автомобили и се обиде да побегне…

„Леташе“ низ Менхетн со своето Порше, уништи неколку автомобили и се обиде да побегне…

Возач на тјунирано Порше направи вистински хаос на улиците на Њујорк каде што владеат рестрикции поради ширењето на пандемијата на короанвирусот.

Улиците на Њујорк деновиве поради коронавирусот се празни, што може да се каже е олеснителна околност во овој инцидент.

33-годишниот Бенџамин Чен со голема брзина го возеше своето тјунирано Porsche Gemballa GT и на 11-та авенија ја загуби контролата по што удри во паркирано возило. По силниот удар, тој се обиде да побегне, но набрзо беше сопрен од полицијата која соопшти дека бил под дејство на дрога.

 

View this post on Instagram

 

Porsche Gemballa Gt Mirage RIP #gemballamiragegt #gemballa #porsche #carreragt @pcny

A post shared by NEW/USED Cars For Sale (@broadwayautony) on

Инаку, станува збор за уникатен автомобил кој е тјунирана верзија на Porsche Carrera GT. Како погон користи 5,7-литарски V10 мотор со 670 коњски или и 630 Nm максимален обртен момент. Од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3,7 секунди, а максималната брзина изнесува 335 км/ч.

Произведени се само 25 вакви примероци, а неговата цена се движи околу 700 илјади евра.

 

 

Коронавирус