вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Занимливости

Купиле торта за прослава на матура: Кога сакале да ја исечат следело непријатно изненадување

Купиле торта за прослава на матура: Кога сакале да ја исечат следело непријатно изненадување

Семејство од американската сојузна држава Тексас било непријатно изненадено кога за својата матурска прослава добиле торта од стиропор.

Имено, Марса Флорес нарачала торта на катови во ланецот маркети Волмарт, но нарачката некако се изгубила, па управителот ѝ понудил да избере која било друга торта. А, оттаму се обврзале на неа да додадат глазура и слика.

И, сè било во ред до сечењето на тортата кога откриле дека таа е од стиропор. Марса се вратила во продавницата и добила отштета од 60 долари, колку што чинела тортата, уште еден бонус и вистинска торта.

Волмарт соопшти дека сè тоа било „недоразбирање“.