сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Купиле друштвена игра за два долари: Кога ја отвориле најдоа дијамантски прстени вредни 18.000 долари

Купиле друштвена игра за два долари: Кога ја отвориле најдоа дијамантски прстени вредни 18.000 долари

Млад пар од Австралија пронашол шест дијамантски прстени во кутија друштвена игра која ја купиле за два долари.

Крис (27) и неговата девојка Менди кои се преселиле од Сиднеј во Торонто на почетокот од оваа година, пред да одат на семеен одмор купиле збирка загатки под името “Mind Trap”.

-Бидејќи бевме со родителите помислив да купам друштвени игри. Отидов во продавница каде што се продаваат производи од втора употреба и земав неколку друштвени игри, открил Крис.

-Мојата мајка ја зема играта и се обиде да извади картичка, но сфати дека нема картички во кутијата. Многу брзо извади дијамантски прстен, а потоа уште еден, па уште еден, па уште еден, раскажа тој.

Во кутијата биле скриени шест дијамантски прстени во вкупна вредност од 18.000 долари.

Крис вели дека останал шокиран. “Само се гледавме и се прашувавме дали е ова реално”.

Крис и Менди не успеале да го најдат оригиналниот сопственик на играта па одлучиле прстените да ги дадат на проценка. Сфатиле дека нивната инвестиција од 2 долари се исплатела повеќе од тоа што требало.

Коронавирус