сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 92
home Занимливости

Купиле „Ајфон“ за својата ќерка, а кога ја отвориле кутијата им се слошило: Продавачката панично бегала, тие стоеле во шок (ВИДЕО)

Купиле „Ајфон“ за својата ќерка, а кога ја отвориле кутијата им се слошило: Продавачката панично бегала, тие стоеле во шок (ВИДЕО)

Купувањето преку апликации и онлајн-сервиси може да биде ризично ако не го проверите добро продавачот. На пример, може да ви се случи наместо телефон да купите „мачка во вреќа“ исто како една млада мајка.

Саманта Повел од Ален Парк во Мичиген пред неколку недели ги договорила деталите за купување преку апликацијата „LetGo“. Според нејзините зборови, комуницирале само преку апликацијата и во таа прилика договориле цена од 450 долари.

Повел штедела шест месеци за на ќерката да може да и купи „Ајфон“ пред почетокот на школската година. Прифатила средба со продавачот во една града, а на примопредавањето била со својот сопруг. Кога ги размениле парите и кутијата од телефон, продавачот, односно девојката која им го продала телефонот започнала да трча. Сопругот на Саманта веднаш ја отворил кутијата и во неа имало два сапуни.

-Кога ја отвори кутијата двајцата се изненадивме. Само зјапавме во сапунот и се прашувавме дали навистина се случи тоа – изјавила таа и открила дека девојката која им го направила тоа се пофалила дури и на Фејсбук.