вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Занимливости

Купила киндер јајце, но и се згадило за навек: Сите се шокирани од она што имало внатре (ВИДЕО)

Купила киндер јајце, но и се згадило за навек: Сите се шокирани од она што имало внатре (ВИДЕО)

На мајка од Велика Британија ѝ се згадиле киндер јајцата за навек уште пред да стигне до играчката во киндер јајцето што му го купила на својот син.

Карли Малиган (28) го отворила јајцето, но чоколадото изгледало чудно, па го застругала со нож. И тогаш се случил шокот. На работната маса почнале да испаѓаат мали жолти црви.

-Ми се згади. Го земав телефонот и почнав да снимам додека ги чепкав другите црви со ножот. Замислете да му го дадев на детето. Тој има само две години, немаше да забележи дека нешто е чудно, рекла 28-годишната мајка.

Мајката пријавила во продавницата B&M, но и во Киндер, од каде ѝ рекле да го замота во хартијата и да им го испрати.

-Тогаш забележавме дека рокот му изминал пред една година. Не барам компензација, само сакам луѓето да знаат што се продава.

Од синџирот B&M најавиле истрага.