вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Занимливости

Купете го мирисот на Вселената за 15 долари

Купете го мирисот на Вселената за 15 долари

Земјаните наскоро можеби би можеле да си го купат мирисот на вселенското пространство, што ќе биде пуштен на пазарот како парфем.

Според хемичарот Стив Пирс, астронаутите мирисаат како „мешавина од барут, бифтек, малини и рум“. Парфемот „О’де Спас” (Eau de Space) е негово дело. Како што објави Си-Ен-Ен, тој е и основач на проектот на НАСА – „Oмега ингридиентс“ од 2008 година.

Вселенска вода „О’де Спас” ќе биде пуштена преку американската асоцијација Кикстартер од Њујорк, поточно Бруклин. Според нивната интернет-страница, производот ќе биде подготвен за достава до октомври 2020 година и ќе чини 15 долари.

Парфемот е создаден 2008 година, првично за помагање на астронаутите – да се навикнат на миризбата пред вистински да ја почувствуваат Вселената. Стручњаците со години потоа ја усовршувале аромата.