понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 50
Во живо

Изјава на Александар Николоски

home Занимливости

Крвната група А универзална ?

Крвната група А универзална ?

Едно истражување на јапонски научници, кое е започнато пред 20 години, си има поставено цел – од крвната група А да се тргнат ланците на јаглехидрати, со што овој тип на крвна група би станал универзален како што е 0. Ова би значело дека крвната група А ќе можат да ја примаат и луѓе од други крвни групи, без никаква реакција на имуниот систем.

Инаку, крвната група 0 нема ланци на јаглехидрати кои се карактеристични за крвните групи А и Б.

Научниците веќе откриле ензими во цревата кои би можеле да ги тргнат споменатите ланци на јаглехидрати од црвените крвни зрнца, но успехот се покажал ограничен, затоа што ензимите не биле доволно ефикасни.

Меѓутоа, овие денови доктор Питер Рафелд од Универзитет од Британска Колумбија собрал примерок од човечка столица и изолирал ДНК, кои во теорија би требало да уклучува гени кои кодираат бактериски ензими кои “варат” јаглехидрати.

Некои од тие микроби, застануваат на цревата, каде што “јадат” комбинција од јаглехидрати и протеини, наречени муцини, а шеќерите од муцините се слични на оние кои одредуваат тип на црвени крвни зрнца.

Резултатите засега ветуваат, но потребни се и понатамошни истражувања.

Научниците се фокусираат само на претворање на типот А, затоа што тоа се почести типови на крвни групи од типот Б, па евентуалната можна трансформација во универзална крв би била многу значајна.

Коронавирус