сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Крвавата месечина беше спектакл ширум светот: Погледнете како изгледаше помрачувањето кое ќе се повтори дури за 100 години

Крвавата месечина беше спектакл ширум светот: Погледнете како изгледаше помрачувањето кое ќе се повтори дури за 100 години

Ширум светот луѓето ноќеска се собраа за да го гледаат целосното помрачување на Месечината, најдолго во овој век.

Од Ртот Добра надеж до Блискиот исток, од Москва до Сиднеј, милиони луѓе погледот го вперија кон ѕвездите за да ја гледаат месечината, која потемна пред да засветли со портокалова, кафена и темноцрвена боја, додека навлегуваше во земјината сенка.

Целосното помрачување можеше да се види од Европа, Русија, Африка и од Блискиот исток, поголемиот дел од Азија и Австралија, иако во одредени места облаците ја затскрија месечината.

На брегот на реката Ганг во Индија, храмовите беа затворени пред помрачувањето, додека во Сингапур ентузијастите го набљудуваа овој феномен преку телескоп. Илјадници луѓе во Австралија платија за да го гледаат помрачнувањето на Месечината од опсерваторијата во Сиднеј, пред изгревањето на сонцето.

Помрачувањето на Месечината се случува при влегувањето на Месечината во Земјината сенка.

Освен потполн мрак, луѓето ширум светот посматраат уште еден феномен, односно моментот кога Марс и Земјата се најблиску со своите патеки.

Според толкувањата на експертите, кај стандардните опозиции, кои се случуваат во просек секоја втора годија, Земјата и Марс се приближуваат околу 0,5 или 0,6 астрономски единици додека кај оваа перихелна опозиција оддалеченоста меѓу Марс и Земјата ќе биде 0,38 астрономски единици, при што астрономската единица е  149.600.000 километри.

Инаку, оваа појава која уште ја нарекуваат Крвава Месечина или Крвав спектакл, ќе се повтори во толку долго траење дури 2123 година, па затоа ова беше единствена можност за набљудување на оваа небесна атракција, и посебно интересна за експертите.

Имено, тие ја користеа оваа можност на потполно помрачување за да ја изучуваат положбата на другите небесни тела.

За оваа појава во народот постојат различни верувања како она дека ќе дојде крај на светот или дека на Земјата ќе се појават врколаци.

Коронавирус