сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Кратко траеше среќата: Ја запроси за време на летот, стјуардесата прифати, но сето тоа заврши катастрофално (ВИДЕО)

Кратко траеше среќата: Ја запроси за време на летот, стјуардесата прифати, но сето тоа заврши катастрофално (ВИДЕО)

Кинески пар стана вирален хит на интернет откако една стјуардеса беше запросена од своето момче среде лет во авион.

Но, откако снимката ја објавија повеќето медиуми приказната со среќен крај не траеше долго.

Како што пишува „Asia One“ триесетина минути по полетувањето момчето на стјуардесата клекнал пред нејзе среде летот и ја запрашал дали ќе се омажи за него.

Таа прифати, патниците во авионот ракоплескаа, а видеото со позитивни коментари стана вистински хит на интернет.

Но, само неколку дена по запросувањето стјуардесата доби отказно решение во кое компанијата вели дека се загрижени поради занемарување на сигурноста на патниците.

Во отказот пишува дека нејзиното приватно романтично однесување предизвика раздор меѓу патниците.  „Тоа беше неодговорно за сигурноста на патниците“, се наведува од кинеската авио компанија.

Коронавирус