сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Крадец по гаќи пропаднал низ плафон на ресторан: Се истепал со гостите и побегнал, а еве зошто не носел панталони (ВИДЕО)

Крадец по гаќи пропаднал низ плафон на ресторан: Се истепал со гостите и побегнал, а еве зошто не носел панталони (ВИДЕО)

Полицијата во Алабама соопшти денеска дека крадец без панталони пропаднал низ плафон на ресторан, се истепал со гостите и побегнал.

Шефот на полицијата во местото Тускумбија Тони Логан рече дека 27-годишниот Глен Бост се обидел да провали во канцеларијата на ресторанот Вафл Хаус (Waffle House) преку покривот.

Логан рекол дека Бост отишол во тоалетот, ја врзал вратата со своите панталони за никој да не влезе.

Од таму се вовлекол под плафонот, за од тука да дојде до канцеларијата, но пропаднал низ него во делот со гостите кои почнал да ги удира, а потоа побегнал.

Полицијата наведува дека Бост се бара поради кражба, и дека постои уште еден осомничен кој не е идентификуван.