среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Занимливости

Коронавирусот наметнува нов начин на поздравување

Коронавирусот наметнува нов начин на поздравување
epa08247307 Bruce Aylward, Team Lead WHO-China joint mission on COVID-19, offers an elbow to a reporter reaching out for a handshake at the end of press conference about the COVID-19 (previously named novel coronavirus (2019-nCoV)) after returning from China, during a press conference, at the World Health Organization (WHO) headquarters in Geneva, Switzerland, 25 February 2020. EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Додека бројот заболени и починати од новиот коронавирус сè повеќе расте, сè повеќе луѓе, меѓу кои и славни личности, го промовираат новиот поздрав – потчукнување со лактите.

Здравствените власти, но и лидерите и државниците постојано повикуваат луѓето да избегнуваат ракувања, пријателски бакнежи, прегрнувања и слични секојдневни начини на општење. Се чини, најсоодветна замена за тоа е поздравот со лактите.

И претставникот на мисијата на Светската здравствена организација во Кина, Брус Ејлворд дава свој пример за тоа. На прес-конференција, тој на подадена рака од новинар, одговори со подаден лакт.

Коронавирус