четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home Занимливости

Коронавирусот го запре и производството на Сахер торти

Коронавирусот го запре и производството на Сахер торти

Австрискиот хотел Сахер, познат ширум светот по своите оригинални „Сахер торти”, поради корона-пандемијата, засега веќе не го произведува својот сладок заштитен знак – една од поомилените „туристички атракции“ во автриската престолнина Виена.

Производството засега е сведено на нула. Шефот-готвач на „Сахер”, Матијас Винклер вели дека не се исплати да се прават торти само за неколку продадени парчиња на ден.

– Сепак, се работи за луксузен производ којшто при криза не е приоритет. А, за високата гастрономија и хотелиерство, сега е неопходно да се задржат обучените соработници, нагласи тој.

Во мигов, фокусот е на сценариото по пандемијата. Шефот-готвач вели дека за претстојното лето се очекува огромна несигурност.

Инаку, австриската Влада најави дека од 29 мај хотелите ќе можат повторно да работат.

ЕУРО 2020

Македонија