петок, 29. јули 2022. Вести денес: 64
home Занимливости

Конечно одговор: Зошто ќесите од чипс се полупразни?

Конечно одговор: Зошто ќесите од чипс се полупразни?

Многумина мислат дека станува збор за измама на производителите, кога се работи за пакувањата на чипс или други грицки.

Ќесите се полупразни, но производителите намерно го прават тоа, но не за да заштедат или измамат. Имено, на овој начин грицките се штитат од потенцијална штета при транспорт.

Додека се преместуваат ќесите од едни во други магацини, продавници и слично, ќесите се редат една над друга. Токму празниот простор ги штити грицките од прекумерно кршење и уништување.

Од друга страна во амбалажата се наоѓа азот, а не воздух.

Бидејќи кислородот може да предизвика расипување на компирот, ќесичките се полнат со азот. Тој ги одржува намирниците свежи и крцкави. Азотот не е штете, дури 78 проценти од воздухот кој го дишеме содржи азот.

Коронавирус