четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 12
home Занимливости

Кондоми на Durex пукаат среде секс, компанијата ги повлекува од пазарот

Кондоми на Durex пукаат среде секс, компанијата ги повлекува од пазарот

Доколку низ џебовите имате кондоми од производителот Durex, најдобро би било веднаш да ја тестирате нивната издржливост, бидејќи од компанијата велат дека неколку од новите испорачки се полни со кондоми кои пукаат при помал притисок.

Кондомите на Durex не ги поминаа тестовите на издржливост, па затоа мора да бидат повлечени од пазарот.

Водечкиот бренд за производство на кондоми, Durex, веќе ја изрече наредбата за нивните кондоми да бидат повлечени од пазарот, откако тестовите покажаа дека тие покажуваат знаци на откажување и лесно пукаат за време на секс, посебно при крајот на нивниот рок на траење.

Производите кои се повлекуваат доаѓаат од сериите Durex Real Feel 12 (рок на траење до февруари 2021) и Durex Latex Free 18 (рок на траење до јануари 2021).

Од компанијата велат дека сите производи со сомнителен квалитет се тргнати од полиците во маркетите ширум светот, но апелира до купувачите кои поседуваат вакви кондоми дека можат да отидат во локалнио маркет и бесплатно да ги заменат за нови.

Коронавирус