петок, 19. јули 2019. Вести денес: 60
home Занимливости

Колку кафе треба да пиеме во текот на денот?

Колку кафе треба да пиеме во текот на денот?

Најновото истражување кое во Шпанија опфатило околу 20 000 луѓе на возраст од 25-60 години се обидело да даде одговор колку шолји кафе ни се потребни во текот на денот. Според резултатите на ова истражување, потребни ни се 4 шолји кафе дневно.

Др. Адела Наваро, лидер на истражувањето ги претставила резултатите од ова истражување на собирот на Европското друштво на кардиолози кој се одржал во Барселона. Според др. Наваро, резултатите од ова истражување се прилично веродостојни поради големината на примерокот, односно поради вклучениот број од 20 000  луѓе на различна возраст.

Според неа, прашањето не е дали да пиеме кафе и дали треба да го намалите внесот на кафе во текот на денот, туку колку кафе ни е потребно за нашето добро здравје. Др. Наваро истакнува дека полифенолите во кафето имаат антивоспалителни ефекти и затоа е важно конзумирањето на 4 шолји кафе во текот на денот. Според неа, тоа е важно бидејќи кафето ја подобрува и работата на црниот дроб, но и го јакне имунитетот.