недела, 15. септември 2019. Вести денес: 12
home Занимливости

Која е најбезбедната положба на спиење за бебињата?

Која е најбезбедната положба на спиење за бебињата?

Според резултатите од истражувањата на Американската академија за педијатрија, само 43,7 проценти од родителите знаат која е најбезбедната положба за спиење на бебињата.

Во студијата биле опфатени 3.297 мајки, од нив повеќе од 50 проценти изјавиле дека обично, но не секогаш, го ставаат бебето да спие на грб. Од истражувањето е откриено дека родителите често носат одлука под влијание на други, најчесто членови од семејството и пријателите.

„Многу претходни генерации бебиња спиеле на стомаче, бидејќи родителите сметале дека на бебињата им е поудобно така и дека нема да се угушат. Поради тоа неискусните родители во недостаток на потребни информации ги слушаат другите околу себе“, вели д-р Робин Џејкобсон, педијатар во Детската болница Хасенфелд во Њујорк.

Според препораките на Американската академија за педијатрија, здравите бебиња би требало да спијат на грб во првата година од животот. На децата  кои спијат на грб им се заканува помала опасност од синдром на ненадејна смрт кај доенче.