понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Занимливости

Кој е најмоќниот став на светот?

Кој е најмоќниот став на светот?

Сигурно понекогаш се прашувате во што е тајната на среќата. Можеби ќе ви звучи премногу едноставно, но тајната на среќата се наоѓа во благодарноста и сегашниот момент.

Среќата е сега, овде, баш во овој момент додека ги читате овие редови, не е вчера, не е утре. Среќата секогаш е во сегашниот момент, а тој чист момент на радост ни ја враќа благодарноста.

Благодарноста е поснажна од какви било молитви и молења. Во моментот на благодарноста вие сте во сегашноста, вие сте благодарни на она што ви е дадено во животот, благодарни сте за здравјето, семејството, љубовта…

Што и да сакате да остварите, постигнете и стекнете, не може да го направите без помош на Бог, универзумот или како и да ја нарекувате таа енергија.

Некој има кажано дека животот е бумеранг. Се прашувате што значи тоа. Во светите книги стои дека Бог ни дал слободна волја, а тоа подразбира дека вие секојдневно правите избор и секојдневни одлуки за себе.

Сега, во овој момент, вие имате избор: Дали ќе изберете среќа и благодарност или нема да го направите тоа. Животот функционира како бумеранг, па ако сте благодарни, ќе имате повеќе причини за да бидете благодарни и обратно. Одлуката е ваша.

Човекот не се раѓа со развиени навики, тој ги стекнува и гради во текот на животот и затоа не смее да постојат изговори дека нешто не можете, затоа што всушност вие сте тие кои сте заслужни за сопствената моментална ситуација и за одлуките кои ги правите.

Научени сме да бидеме наблагодарни, да очекуваме од другите да го средат нашиот живот, па постојано слушаме работи од типот дека државата треба да ни даде нешто, родителите треба да ни купат нешто, итн.

Многу од тие прашања се оправдани, но тој начин на размислување нема да ни помогне, напротив ќе донесе само повеќе штета. Животот ни го враќа она што му го даваме, ако даваме незадоволство, безволност и мрзливост, тоа и ќе го добиеме за возврат и цело време така во круг.

Од тој маѓепсан круг можеме да излеземе само со свесна одлука, а одлука е следна: Сакам да напредувам, сакам да бидам среќен/среќна, затоа ќе го ценам она што моментално го имам, па ќе имам уште повеќе причини за радост и среќа.

Во една од своите проповеди, Исус вели: „Сѐ ќе биде според твојата вера“. Токму оваа мисла длабоко навлегува во суштината на животот и ја открива тајната на среќата