вторник, 28. март 2023. Вести денес: 104
home Занимливости

Кои градови се најдобри за студентски живот?

Кои градови се најдобри за студентски живот?

Како што покажува неодамнешната статисика, Лондон е најдобриот град за студентски живот.

Престолнината на Велика Британија го тргна од првото место Монтреал кој во минатата година беше прогласен за најдобар град за студенти.

Истражувањето имало за цел да обелодени повеќе статистики и фактори како егзистенцијалните услови, инфраструктура и посакуваноста за студирање.

Дури 50 илјади студенти од Лондон учествувале во истражувањето давајќи одговори за своето искуство во градот, но и желбата да останат по студирањето.

На второ место се најде Токио, а потоа Мелбурн. Минатогодишниот победник, Монтреал, оваа година го зазеде четвртото место, а Париз петтото.

loading...