недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Занимливости

Кога ќе се налути Македонец: Поради промашен пенал не доби 11.000 евра, па збесна и почна да крши (ВИДЕО)

Кога ќе се налути Македонец: Поради промашен пенал не доби 11.000 евра, па збесна и почна да крши (ВИДЕО)

За многумина во Скопје добро познатиот бербер Фуфо од Драчево, чекаше само еден гол на Манчестер јунајтед на синоќешното гостување против Вулверхемптон во 2. коло од Премиерлигата за да си добие 11.000 евра, објави ЕКИПА.

И се отвори шанса во 68. минута кога „црвените ѓаволи“ добија пенал…

Но, истиот не успеа да го реализира францускиот репрезентативец Пол Погба. Е, сето тоа значеше огромна лутина кај бербер Фуфо кој успеа да го скрши и телевизорот во обложувалницата каде со пријателите го очекуваше толку посакуваниот погодок на Манчестер јунајтед. Во секој случај, ќе го памети Фуфо пеналот на Погба…

Сторијата и видеото за тоа како изгледа кога ќе се налути Македонец, ги пренесува порталот ЕКИПА