вторник, 11. август 2020. Вести денес: 38
home Занимливости

Ќе ве насмее до солзи: Аеродромецот „Бомба“ се шегува со своите картонски знаци зa проблематиките на Македонија

Ќе ве насмее до солзи: Аеродромецот „Бомба“ се шегува со своите картонски знаци зa проблематиките на Македонија

Лекот за тагата, стресот, секојдневните проблеми отсекогаш бил насмевката. И за да се опуштиме по напорен ден, не ни е потребно многу, доволно е само да ја погледнеме вистинската содржина и батериите се полни. „Бомба“ има токму таква содржина за сите вас. 29-годишниот Кристијан Станковски од Скопје, Аеродром својот Инстаграм профил го искористи за да шири шеги и смеа, во кои сите можеме да се пронајдеме.

Кристијан со прекар „Бомба“ има свој веб-сајт за организирање на свадби и секаков вид прослави, така што идејата со картонските знаци му доаѓа како хоби во овој хаотичен период. Кристијан вели дека почитува добро ладно пиво, а ние ги почитуваме неговите знаци. За да дознаете повеќе за „Бомба“ заследете го на Инстаграм, а прочитајте и што ни кажа за себе и овој мал „проект“.

На прашањето што сака да прикаже преку сликите со смешни натписи тој одговори вака:

– „Па само реалноста, тоа се картони кои ја зборуваат вистината што сите ја знаеме ама си молчиме и си шепотиме меѓу себе.“

Извор: Мотика

Коронавирус