среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 32
home Занимливости

Ќе ја памети целиот живот: Бездомник и ги дал последните 20 долари, а таа за него собрала вистинско богатство

Ќе ја памети целиот живот: Бездомник и ги дал последните 20 долари, а таа за него собрала вистинско богатство

Кога Џони, бездомник од Филаделфија, ги потрошил своите последни 20 долари кој ги имал, не очекувал дека ќе му се вратат со камата. Откако и помогнал на жена од Њу Џерси која останала без гориво, таа му се одолжила со тоа што за него собрала неверојатни 280.000 долари.

Оваа среќна приказна почнала кога Американката Кејт Маклур патувала кај пријател во Филаделфија кога и снемало гориво.

– Ме виде како стојам крај возилото и знаеше дека нешто не е во ред. Кога сфати дека сум останала без гориво, ми рече да останам во автомобилот и да ја заклучам вратата. Неколку минути подоцна се врати со црвен канистер со бензин, за кои ги потрошил своите последни 20 долари, раскажала Кејт.

Не можела веднаш да му ги врати парите бидејќи немала во себе.

– Подоцна се вратив на местото каде што го сретнав и му ги вратив парите, а во следните неколку недели го посетив неколку пати и му дадов јакна, ракавици, капа и чорапи… раскажува Кејт која сакала уште нешто да направи за овој добар човек.

Таа одлучила на веб страната „GoFundMe“ да ја сподели својата приказна и да започне кампања за собирање на пари за Џони. Почетната цел била 10.000 долари. Кејт истакнала дека Џони е многу заинтересиран да пронајде работа и била уверена дека ако успее во тоа, тој ќе може да си го среди својот живот.

Џони бил техничар за муниција во војската, а подоцна пожарникар и болничар, по што неговиот живот се распаднал и останал на улица.

Коронавирус