среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Занимливости

Кинез најде начин како да го измами софтверот за распознавање лица

Кинез најде начин како да го измами софтверот за распознавање лица

На интернет деновиве се појави видео на коешто човек на главата носи венче со видеопроектор. Првично се мислеше дека „изумот“, наводно, бил користен во протестите во Хонгконг.

Не станува збор за некаков политички симбол или порака, туку просто, за начин на избегнување на стапиците на софтверот за распознавање лица. Но, на никаков начин не е поврзано со протестите, како што првично се тврдеше, пишува „Дејли Мејл“.

Венчето со видеопроектор на лицето на човекот проектира друг лик. Така, камерите за распознавање не се способни да ја идентификуваат личноста.