понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Занимливости

Кинески цар наредил да се изнајде напитокот на бесмртноста

Кинески цар наредил да се изнајде напитокот на бесмртноста

Првиот кинески цар Ќин Ши Хуанг им наредил на своите слуги да му пронајдат еликсир – напивка на бесмртноста, открива древен натпис, стар 2200 години, откриен во јужна Кина, јави Синхуа.

Опсесијата на императорот со „вечниот живот“ и е добро позната на историјата…Тој изградил и огромен подземен мавзолеј којшто го чуваат 8.000 теракотни војници – неговата гарда за „задгробниот живот”. Таа „војска” е откриена 1974 година.

Наредбата за изнаоѓање на еликсирот е пронајдена во 2002. на дното на бунар во провинцијата Хунан. Текстот содржи царски декрет со кој се наредува потрага по напитокот, како и прилично посрамени одговори на локалните големци кои, просто, не успеале во мисијата.

На археолошкото наоѓалиште се наоѓало селото Дисјанг. За него сведоштвото вели дека мештаните „се уште не го пронашле чудесниот лек, но потрагата продолжува“.

Еликсирот, по се, изгледа не е изнајден, оти царот починал 210 година пр.н.е., по 11 години на престолот.

Коронавирус