вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 49
home Занимливости

Како да се ослободите од непотребниот стрес во тек на бременоста?

Како да се ослободите од непотребниот стрес во тек на бременоста?

Да станете мајка е една од најголемите одлуки во животот. Самата помисла на тоа е возбудлива, застрашувачка и може да предизвика непотребен стрес за вас и бебето. Постојат неколку начини кои можат да ви помогнат да го поправите расположението.

Моќта на позитивното мислење

Важно е да размислувате позитивно. Секој ден сеќавајте се само на убавите моменти и ќе ви биде полесно.

Разговарајте со луѓе, не со Интернетот

Прашајте ги вашите родители кои знаат како е да се има дете. Тие секогаш ќе бидат тука за вас.

Потпрете се на партнерот

Најголемата поддршка може да ја добиете од вашиот партнер. Секојдневната комуникација е задолжителна за да се ослободите од стресот и заедничките грижи.

Слушајте музика, читајте добра книга или излезете со пријателите.

Консултирајте се со вашиот лекар

Одберете лекар со кој може да имате добра комуникација, кој секогаш ќе ве разбере и ќе ви помогне полесно да ги поднесете промените кои се случуваат во телото во тек на бременоста.

Вежбајте јога

Бебињата во првото тримесечје ја чувствуваат енергијата на мајката. Важно е да вежбате за да се опуштите и да го намалите стресот, а јогата е одлична за тоа.