петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Каде има најмногу луѓе кои го носат вашето име и презиме? Проверете на оваа интерактивна мапа на светот

Каде има најмногу луѓе кои го носат вашето име и презиме? Проверете на оваа интерактивна мапа на светот

Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува вашето презиме? Едноставна мапа развиена од истражувачи може да покаже каде лежат нечии историски корени во Велика Британија, покажувајќи ги местата каде одредено презиме е најпопуларно. Алатката, наречена „Named“, работи со внесување на презимето, а потоа ви ги покажува регионите со најголема концентрација на луѓе кои го делат истото презиме во црвено, и во жолто, каде има најмалку, според Мирор.

Исто така, се обидува да претпостави каде сте го запознале вашиот партнер, врз основа на тоа од каде потекнуваат вашите презимиња.

Професорите Пол Лонгли и Оливер О’Брајан од Универзитетот во Лондон ја развија оваа мапа во 2016 година.

На forebears.io сега можете да напишете име и презиме и да видите на мапата колку е популарно во светот.

Кога внесувате име во пребарување, тоа ќе го покаже потеклото, како и земјата во која е најпопуларно. Покрај мапата, пребарувањето ќе покаже со бројки точно колку луѓе во светот имаат некое име или презиме.

Коронавирус