сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Занимливости

Јужна Кореја му подари 200 тони мандарини на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун

Јужна Кореја му подари 200 тони мандарини на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин му подари 200 тони мандарини на својот севернокорејски колега Ким Џонг-ун, како благодарност за печурките кои овој неодамна му ги испрати.

Од претседателската Сина куќа соопштија дека Мун е благодарен што веднаш по септемвриската средба меѓу двајцата лидери, Ким му испрати два тона ретки и скапи печурки, па одлучил да му врати на сличен начин.

Поради меѓународната изолација на Северна Кореја, мандарините во земјата се речиси луксуз, односно тешко се наоѓаат.

Официјален Сеул смета дека овој потег не претставува кршење на меѓународните санкции кон Северна Кореја.

Коронавирус