недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Занимливости

Јавно побара прошка на Инстаграм: Ја изневерував сопругата додека беше бремена, се однесував себично и како кукавица (ВИДЕО)

Во видеото кое го објави на социјалните мрежи, кажа дека изгубил се бидејќи се однесувал себично и како кукавица.
Јавно побара прошка на Инстаграм: Ја изневерував сопругата додека беше бремена, се однесував себично и како кукавица (ВИДЕО)

Кевин Кленси призна неверство, откако неговата сопруга Кејтлин Наџент Кленси го прозва на Инстаграм. Таа открила дека го изневерува кога била во осмиот месец од бременоста.

Блогерот и водител на саричниот „Barstool Sports“, призна дека ја изневерувал својата бремена сопруга, а неверството му го уништило бракот, семејството и животот.

Кевин Кленси призна неверство, откако неговата сопруга Кејтлин Наџент Кленси го прозва на Инстаграм. Таа открила дека го изневерува кога била во осмиот месец од бременоста.

Во видеото кое го објави на социјалните мрежи, кажа дека изгубил се бидејќи се однесувал себично и како кукавица.

-Се однесував како дете, а требаше да бидам маж. Се што сега можам сега да барам е прошка, ја добил или не. Мојот живот секогаш бил јавен, градев кариера на приказни за животите на другите и не очекувам ништо за возврат. Знам дека ќе бидам предмет на шеги и понижувања, но тоа апсолутно го заслужувам, кажа тој во исповедта.

Неговата сопруга јавно го покажа неверството во петокот.

-Минатата ноќ откако ги ставив двегодишната ќерка и шестмесечниот син во кревет, го фатив сопругот како се допишува со љубовницата, што очигледно го правел од кога бев во осмиот месец од бременоста. Само неколку дена пред да се породам, бил со неа во хотел на Менхетен. И во деновите откако се породив бил со неа… Нејзе веќе ја исфрлил, па и она ќе добие третман каков што имав и јас самата. Никога не сакав животот на моето семејство да биде јавен, но знам дека ова ќе дојде до јавноста, поради тоа ја објавив вистината пред јавното понижување и да почне, напиша таа.

Инаку, парот е во брак од 2004 година, пишува Дејли Мејл.

Коронавирус