понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 53
home Занимливости

Ја земал смената на колегата за повеќе да заработи: Во автомобилот му влегол пар, во наредниот момент неговиот брак бил готов

Ја земал смената на колегата за повеќе да заработи: Во автомобилот му влегол пар, во наредниот момент неговиот брак бил готов

Една омажена Колумбијка, успеала својата вонбрачна афера да ја задржи како тајна повеќе од една година, но потоа ја откри ни помалку ни повеќе туку сопругот и тоа сосем случајно.

Имено, Џејми и нејзиниот љубовник Хесус Бариос пред неколку дена се договориле  од Баранкиља каде што живеат, поради претпазливост како и многу пати пред, да одат во мотел во блискиот град Санта Марија.

Како би биле сигурни дека никој нема да ги препознае, повикале Убер.

Шокот следувал кога заљубениот пар влегол во возилото, затоа што зад воланот се наоѓал сопругот на Џејми, Леонардно.

Она што неверната сопруга не го знаела е дека нејзиниот сопруг од пријател го позајмил автомобилот и профилот на Убер, како би заработил повеќе пари таа вечер.

Откако сопружниците се препознале, следела права драма, пренесува Метро.

Додека некои тврдат дека двајцата мажи почнале да се тепаат, а Џејми ги раздвојувала, други тврдат дека парот излегол од автомобил како би ја избегнал реакцијата на Леонардо.

Во целата приказна, најлошо помина изневерениот сопруг. Освен што ја видел жената со љубовникот, му се заканува и тужба од страна на Убер поради користење туѓ профил на апликацијата.