вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Занимливости

Ја лажел бремената девојка дека е киднапиран за да може да пие со другарите: Доби сериозна казна и пропушти нешто многу важно

Ја лажел бремената девојка дека е киднапиран за да може да пие со другарите: Доби сериозна казна и пропушти нешто многу важно

Британецот Леј Форд (45) го изрежира сопственото киднапирање само за да може да излезе во град и да пие пиво со пријателите. Од својата исплашена бремена девојка побарал 80 фунти за откупнина.

За време на вечерта додека бил излезен со пријателите, неколку пати ја повикал и ѝ рекол дека киднаперите ќе му ги отсечат нозете, гениталиите и ќе го полеат со жешка вода доколку не ги исплатат парите.

Зои, девојката на Леј ја известила полицијата за да покренат акција. Набрзо виделе дека тврдењата на Форд се лажни, бидејќи една надзорна камера го снимила како излегува со пријателите од продавница и носат алкохолни пијалаци во рацете.

Леј заработи 4 месечна затворска казна и така го пропушти раѓањето на детето, а неговата сопруга му прости за сè.

“На почетокот мислев дека се шегува, но звучеше навистина исплашено. За време на првиот разговор врската се прекина, а потоа се јави повторно. Го слушнав човекот кој во позадина вика дека ќе му ги скрши нозете и ќе го полие со жешка вода. Бев во паника, а моето момче врескаше и ме молеше за помош”, вели Зои.

Полицијата со хеликоптер започнала потрага и испрати преговарачи. Ден потоа, Форд дојде дома и бил уапсен и испитуван за случајот.

Рекол дека го наговориле пријателите и признал за сè. Токму поради тоа е осуден на затвор.

“Тоа беше една турбуленција во нашата врска која е многу силна. Знам дека ме сака и дека за мене ќе направи сè. Поради тоа заслужува нова шанса”, рекла таа.

Најнови вести