сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 132
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Занимливости

Изгледа како обично село, но крие морничава тајна: На неговите жители никој не може да им биде сосед поради нивните злодела (ВИДЕО)

Изгледа како обично село, но крие морничава тајна: На неговите жители никој не може да им биде сосед поради нивните злодела (ВИДЕО)

На прв поглед Миракл Вилиџ на Флорида изгледа како типично американско предградие идеално за одмор од градската врева, но Миракл Вилиџ е се само тоа не.

Ова место крие доста морничава тајна, а таа е врзана за жителите, главно регистрирани сексуални престапници и педофили.

Пола од популацијата на ова место ја сочинуваат сексуални престапници, многу од нив осудени поради злоставување на деца и малолетници. Бидејќи се осудени на затворски казни, присилени се до крајот на животот да живеат под надзор и далеку од другите луѓе.

Најмалку 800 метри од училиште

Од училишта, градинки и цркви мора да бидат оддалечени најмалку 800 метри, а не смеат да бидат блиску ниту до автобуските станици. Пред куќата каде живеат мора да постават голем црвен напис на кој покрај неговото име стои и предупредување „осуден сексуален предатор“.

Миракл Вилиџ го основал Пат Роверс, кој и сам поминал 12 години во затвор поради секс со студентки на кои им бил спортски тренер.

Кри Давсон, еден од жителите вели дека девојка го лажела дека е полнолетна и поради тоа завршил во затвор.

-Ме осудија како 18 годишник затоа што имав секс со својата девојка која имала само 14. Лажеше за своите години и ми покажа лажна лична карта. Сите мои пријатели исто така веруваа дека има 18 години, изјави тој.

Крис сега има девојка која ја запознал во црква и која знае дека отслужил казна поради секс со малолетничка.

-Стигмата и понатаму ќе ја носам и ако се венчаме. Можам да имам деца, но не можам да организирам роденденски забави со други деца, а уште е поголем проблемот тоа како да им кажам дека татко им е сексуален престапник, вели Крис.

Парламентарни избори 2020