сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 10
home Занимливости

Изгледа како најсочниот бургер на светот, се додека не дознаете од што е: Дали луѓето се натпреваруваат кој ќе направи погадна храна?

Луѓето ги привлече мирисот на бургер, но сепак одбија да пробаат кога дознаа од што е.
Изгледа како најсочниот бургер на светот, се додека не дознаете од што е: Дали луѓето се натпреваруваат кој ќе направи погадна храна?

Еден супермаркет во германскиот град Ахен во продажба стави бургери кои на прв поглед изгледаат како да се сосем нормални. Меѓутоа, тие се направени од ларви кои се одгледуваат во Холандија.

Како што наведува „Bugfoundation“, производителот на овие необични бургери, ларвите се доста богати со протеини и се доста хранливи. Освен ларви, „месото“ на бургерот се состои и од органска соја. Послужени се со зелена салата, лук и домат, тие може да се купат во продавниците на ланецот супермаркети „РеВе“, откако доста успешно се покажале во Холандија и Белгија.

Манфред Редер храбро се осудил да го проба овој бургер и кажал дека е добра алтернатива за месо.

-Бев скептичен, но земав еден затоа што е доста вкусен, кажа тој.

Основачите на „Bugfoundation“ Барис Озел и Макс Кремер на концептот работеле четири години, а до идејата дошле после патување во југоисточна Азија, каде не е невообичаено да се јадат инсекти.

-Едноставно е. Треба да на направите производ кој изгледа естетски и да не покажете ниту еден инсект, кажал Озел.

Како што кажа тој, луѓето ги привлече мирисот на бургер, но сепак одбија да пробаат кога дознаа од што е.

Коронавирус