сабота, 28. март 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

Истражување: Бунтовните и тврдоглави деца се поуспешни

Истражување: Бунтовните и тврдоглави деца се поуспешни

Тврдоглавите и бунтовни деца кај родителите предизвикуваат чувство дека се лоши родители. Но, науката вели дека тоа воопшто не е точно.

Вистина е дека тврдоглавите деца се потешки за одгледување од послушните и мирни деца, но постои добра причина зошто би требало помалку да се нервирате поради бунтовниот дух на вашето дете.

Ново истражување спроведено од ResearchGate откри дека децата кои се непослушни имаат добри шанси за успех како возрасни луѓе. Ако мислевте дека убавото однесување на децата и добрите оцени на училиште се клучни за напредок во животот, се лажете.

Студијата го следела развојот на 3.000 деца од 1968 година до денес. Пред скоро пет децении истражувачите ги забележале податоците за нив, вклучително и коефициентот на интелигенција, социјалниот статус, оцените на училиште, како и информациите за нивните ставови и однесување.

Потоа истражувачите го провериле социјалниот статус и состојбата на имотот на учесниците од експериментот и донеле одредени заклучоци. Испаднало дека бунтовниците и малку агресивните деца подобро се снашле во модерниот свет за разлика од примерните ученици.

Утврдено е дека успехот на бунтовните деца како возрасни би можело да биде резултат од нивната себичност и способноста да ги постават личните интереси на првото место. Бидејќи не ги почитуваат правилата кои им се наметнуваат, тие стануваат експерти кога преговараат или ја бараат платата што ја сакаат, а нивната неусогласеност секогаш ги наведува да ја бараат најатрактивната опција за себе.

Во состојба се да ги согледаат работите на кои другите не ни размислуваат. Тие размислуваат надвор од границите на секојдневието, што во контекст на кариера може да значи дека пред другите наоѓаат нови начини за заработка.

Втора работа што го објаснува успехот на некогашните тврдоглави деца е фактот дека се поагресивни од толерантните луѓе, а тоа им помага да се изборат за поголема плата, подобра позиција во фирмата, но и да ги уверат другите во вредноста на нивните идеи.

извор: kajgana.com