четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

ИСТРАЖУВАЊЕ: 7 видови на карцином кои вежбањето може да ги спречи

ИСТРАЖУВАЊЕ: 7 видови на карцином кои вежбањето може да ги спречи

Научниците откриле дека вежбањето е поврзано со намален ризик за седум видови карцином и тоа: рак на дебелото црево, градите, бубрезите, миеломот и црниот дроб, како и не-Хочкин лимфом и рак на ендометриумот.

Студијата, објавена во „Жрнал оф клиникл онколоџи“, ја спроведоа Американската фондација за карцином, Националниот институт за карцином и Харвард Т.Х. Шан Школата за јавно здравје. Тие ги проучувале податоците од девет различни испитувања кои опфатиле 750.000 возрасни во САД, Австралија и Европа.

Испитаниците одговарале на прашања во врска со нивната физичка активност, а по десет години било проверено дали им е дијагностициран некој од 15- те видови карциноми.

Така, откриле дека лицата кои вежбале 2,5 до 5 часа неделно со умерен интензитет или до 2,5 часа со висок интензитет, имаат помал ризик од развој на карцином.

Мажите имаат 14 проценти помалку шанси да развијат карцином на дебелото црево, а жените имаат 10% помалку шанси да им биде дијагностициран карцином на дојка.

Жените имале и до 18 проценти помала веројатност да развијат не-Хочкин лимфом и рак на ендометриумот.

Коронавирус