недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

Исплачи се, ќе ти биде полесно: Работи кои многумина не ги знаат за солзите

Исплачи се, ќе ти биде полесно: Работи кои многумина не ги знаат за солзите

Со векови, луѓето мислеле дека солзите се создаваат во срцето, а современите студии покажаа дека со плачењето се лачи окситоцин и ендорфин, хемикалии кои нè прават да се чувствуваме подобро.

Човечкото тело произведува три различни видови на солзи, вклучувајќи ги и базалните кои го навлажнуваат окото, рефлексивни, како одговор на иритација и емоционални кога ќе ве преплават среќа или тага . Сите три вида солзи се составени од солена вода што содржи масла, антитела и ензими, а содржат различни молекули, според „Readers Digest“.

Емоционалните солзи, на пример, содржат и хормони на база на протеини како што е леуцин – енцефалин, кој ја ублажува болката и се ослободува кога телото е под стрес. Научното знаење за солзите главно име темели во латинскиот јазик. На латински, солза е лакрима. Солзи се создаваат во лакрималната жлезда лоцирана над окото и под веѓата. Зборот „лакримист“ опишува некој што често плаче, плачлив човек.

Кромидот лачи состојка, т.н. лакримален фактор, кој служи за да се одвратат опасните предатори. За да го намалите овој ефект, чувајте го кромидот во фрижидер пред да го исечете, а потоа користете остар нож за да го намалите ослободувањето на оваа состојка.

Бебињата не произведуваат солзи

Иако бебињата често плачат, тие не произведуваат солзи до седмиот или осмиот месец од животот – тврди Американската академија на педијатри. Од друга страна, жените плачат 3,5 пати месечно, двојно повеќе од мажите. Во просек, едно лице годишно произведува 50 до 100 литри солзи.

Плачењето помага

Студиите покажаа дека со плачењето се лачи окситоцин и ендорфин, хемикалии кои прават да се чувствуваме подобро. Со плачењето, исто така, добивамеа социјална поддршка, па и затоа се чувствуваме подобро.

Понекогаш се чувствуваме полошо

Луѓето кои имаат тенденција да плачат за време на филмовите, обично се чувствуваат полошо од луѓето кои ретко плачат – резултат на една студија.

Причини за плачење

Entertainment Weekly тврди дека филмот „Време на нежност“ е оној што најмногу луѓе ќе поттикне на плачење, а зборува за тоа како семејството се справува со дијагноза на карцином. На второ место е анимираниот филм „Бамби“. Филмот „Титаник“ е на 16-то место на листата на вакви филмови, пренесува 24sata.hr.

Зошто носот ви теле додека плачете?

Вишокот на солзи произведени од солзните жлезди се слива во солзните канали, а од таму во носната празнина. Таму се меша со слуз, поради што носот ви тече додека плачете.

Со векови луѓето мислеле дека солзите се формираат во срцето

Стариот завет вели дека солзите се појавуваат кога дел од срцето слабее и станува вода. Во Библијата, многу протагонисти плачат, па така Давид во Псалм 56: 8, кога му вели на Бога: „Ти го забележа моето прогонство. Стави ги моите солзи во својата мешина. Не се ли тие во твојата книга?“

Во средниот век, плачењето било социјално прифатливо за мажите

Во англосаксонската поема „Беовлф“, змејот го убива Беулф, а воините биле „неутешни и плачеле гласно за смртта на нивниот господар“. Кралот Артур исто така знаел да заплаче.

Солзавецот не се користи во војна

Конвенцијата за хемиско оружје од 1993 година забранува употреба на солзавец за време на војна. Осмислувањето на Конвенцијата било поттикнато од ирачката употреба на хемиско оружје во Иран во 1980-тите. Полициите во некои земји, вклучително и нашата сè уште легално може да користи солзавец за контрола на масите.

Дарвин бил фасциниран од солзите

Таткото на теоријата на еволуцијата, Чарлс Дарвин, ја напиша книгата „Изразување емоции кај човекот и животните“. Ги набудувал јужноафриканските мајмуни и ги споредувал со своите деца. „На плачењето мора да гледаме како на случаен резултат, исто толку бесмислено како лачење солзи од удар надвор од око … но тоа не претставува тешкотии во нашето разбирање за тоа како пролевањето солзи служи за олеснување на страдањето“, напиша тој.

Како што старееме, се намалува базалното лачење солзи

За време на хормоналните промени, како што е бременоста или менопаузата, жените се особено чувствителни на промените во базалното лачење солзи. Покрај тоа, како што старееме, тоа се намалува, што доведува до иритација поради сувост на окото. Ситуацијата може да се ублажи со користење вештачки солзи или со употреба на топли облози што се ставаат на очите неколку минути.

Коронавирус