среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 179
home Занимливости

Исфрлена од авион бидејќи не сакала да носи маска, поради реакцијата на патниците снимката е хит

Исфрлена од авион бидејќи не сакала да носи маска, поради реакцијата на патниците снимката е хит

Снимката која се појавила на ТикТок го прикажува моментот во кој целиот авион ракоплескал и се веселел бидејќи жената која одбила да носи маска била отстранета од леталото.

Видеото кое го направил патникот Џордан Слејд го прикажува моментот кога жената била исфрлена од летот на “American Airlines” од Охајо во Северна Каролина на 19-ти јули. Жената се спротивставила на правилата за летање, во кои се наведува дека сите мора да носат маска за да летаат, тврдејќи дека не би можела да носи маска поради здравствената состојба.

“Можете да плескате колку сакате”, вели жената додека ја изнесуваат од авионот.

Џордан вели дека жената направила сцена веќе на влезот, кога барала да влезе прва. Додал дека една патничка и се спротивставила кога одбила да носи маска, по што уследила расправија.

Џордан го снимил инцидентот и снимката ја објавил на ТикТок и таа набрзо станала вирална.

“American Airlines” од сите патници бара да носат маски, освен децата до две години, за да спречат ширење на коронавирусот на летовите.

Коронавирус