петок, 18. септември 2020. Вести денес: 22
home Занимливости

Интересен факт: Зошто ниту едно национално знаме нема виолетова боја?

Интересен факт: Зошто ниту едно национално знаме нема виолетова боја?

Виолетовата боја била премногу скапа до 1800-тите. Како резултат на тоа, често била поврзувана со моќ, власт и богатство. Дури и кралицата Елизабета I им забранила на сите да ја носат оваа боја, освен на блиските членови од семејството.

Оваа боја била исклучително ценета, бидејќи била многу ретка. Оригиналната виолетова боја била добиена од мали морски полжави кои можат да се најдат само во областа на денешниот Либан. Не само што било тешко да се добие бојата, но биле потребни околу 10,000 морски полжави за да се направи еден грам виолетова боја. Затоа само богатите и кралските семејства можеле да си дозволат работи во виолетова боја, пишува КафеПауза.

Освен ова, виолетовата боја претставувала духовност, па луѓето ги сметале за богови сите антички владетели што ја носеле. Според некои пресметки, 350 г виолетова боја чинеле купови злато.

Оваа боја станала достапна околу 1856 година кога 18-годишниот хемичар Вилијам Хенри Перкин случајно направил синтетичка виолетова боја, додека се обидувал да направил лек против маларија. Од тој момент, започнало масовното производство на виолетова боја, па поради таа причина денес може да се пронајде само на некои знамиња создадени во 19-от век.

Сепак, само две национални знамиња ја имаат виолетовата боја на нив. Станува збор за знамињата на Доминиканската Република и Никарагва. Како и да е, можеби ќе ја забележите и на некои знамиња чиишто држави го промениле знамето во последните години.

Коронавирус