петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Имате непријатна миризба во вашиот фрижидер? 5 евтини и брзи начини како да се ослободите од неа!

Имате непријатна миризба во вашиот фрижидер? 5 евтини и брзи начини како да се ослободите од неа!

Совети од искусни домаќинки.

Го отворате фрижидерот и ве „удира“ непријатен мирис? Не грижете се, постои начин да се ослободите од него.

Всушност, повеќе и сите се ефтини и лесни.

Со овие брзи и лесни трикови, непријатниот мирис од фрижидерот ќе стане минато:

Прашок за пециво

Брз и лесен начин да се ослободите од мирисите од фрижидерот е да користите прашок за пециво. Може да го ставите на помали парчиња хартија за печење и да го поставите на сите полици. Успехот е загарантиран. Сепак, прашокот за пециво ќе биде подеднакво ефикасен ако ја оставите отворена кесичката во фрижидер.

Оцет

Оцет е исто така одличен неутрализатор на непријатни мириси. Ставете малку оцет во чаша и ставете го во фрижидер. Освен што ги отстранува мирисите, оцетот може да биде и одличен природен чистач на фрижидерот доколку го измешате со малку вода.

Дополнителен совет: Исто така можете да го „обоите“ фрижидерот со мирис на лимон или портокал. Парче памучна крпа натопена во есенцијално масло од агруми ќе му даде освежителен мирис на вашиот фрижидер. Треба да се избегнуваат посилни мириси како лаванда, бидејќи тие можат да се апсорбираат во храната.

Овес

Корисните својства на овесот не запираат по појадокот. Имено, оваа житарка може да се искористи и за отстранување на непријатни мириси. Ставете сад со овес во фрижидер и оставете го да делува.

Мелено кафе

Ставете го сувото свежо кафе во ниски шолји и ставете го на секоја полица во фрижидерот. Имено, кафето ги собира мирисите од фрижидерот, а по неколку дена фрижидерот треба да биде целосно свеж.

Хартија од весници

Обичните весници исто така служат одлично за оваа намена. Ставете ја стутканата хартија од весник на сите полици во фрижидерот и оставете ја да ја „заврши“ работата наместо вас. Сувата хартија ефикасно ќе ги апсорбира сите непријатни мириси.

Коронавирус