сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 78
home Занимливости

Има скоро милион следбеници на Инстаграм, а таа воопшто не постои! (ФОТО)

Има скоро милион следбеници на Инстаграм, а таа воопшто не постои! (ФОТО)

Лил Микела е 19-годишната американско-бразилска трендсетерка, модел и поп-ѕвезда, чиј профил на Инстаграм е преполн со фотографии на коишто позира во модели на  славни брендови. Меѓу многуте селфија се истакнуваат оние со други модели и музичари. Тоа ѝ донесе  речиси еден милион следбеници, но вистината е дека таа не ни постои.

Микела е компјутерски генериран киборг и никој не знае кој ја создал.

Меѓу нејзините следбеници има и такви кои сфатиле дека таа не е човек, некои се збунети, а на некои воопшто не им е грижа. Тие и натаму коментираат под нејзините фотографии колку ја сакаат и колку добро изгледа во некоја облека.

Микела, исто така, е и активист, па ги поддржува кампањата „Black Lives Matter“ и борбата за правата на транссексуалните личности.

Таа тврди дека испратила голем број писма во американскиот Конгрес во знак на поддршка на транс-заедницата.

A moment.

A post shared by *~ MIQUELA ~* (@lilmiquela) on

21_savage_no_heart.mp3

A post shared by *~ MIQUELA ~* (@lilmiquela) on

Коронавирус