среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Занимливости

ИМА 24 ГОДИНИ И ВЕЌЕ ТЕЖИ 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Со неговото богатство доаѓа и еден услов (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Магнар стана познат во јавноста кога почна со експонирање на својот луксузен живот на социјалните мрежи. На неговиот Инстаграм профил може да се видат фотографии од гламурозни прослави со семејството и пријателите, посети на егзотични дестинации, како и многу прескапи парчиња гардероба кои се дел од неговото секојдневие.
ИМА 24 ГОДИНИ И ВЕЌЕ ТЕЖИ 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Со неговото богатство доаѓа и еден услов (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Густав Магнар Вико има 24 години и е трет најмлад милијардер на светот. Имотот кој го наследил од татко му се проценува на дури 1.9 милијарди долари. Магнар во своја сопственост поседува половина од акциите на норвешката компанија Салмар.

Магнар стана познат во јавноста кога почна со експонирање на својот луксузен живот на социјалните мрежи. На неговиот Инстаграм профил може да се видат фотографии од гламурозни прослави со семејството и пријателите, посети на егзотични дестинации, како и многу прескапи парчиња гардероба кои се дел од неговото секојдневие.

Беспрекорниот изглед на Магнар го красат и тетоважи.

??

A post shared by Gustav Magnar Witzøe (@guswitzoe) on

„Кралот на лососот“ како што го нарекуваат медиумите е сопственик на половина од норвешката фирма Салмар, која е една од најголемите компании за преработка на риби на светот.

Средиштето на фирмата е на островот Фреј во централна Норвешка. Фирмата ја основал неговиот татко, Густав Вико, во 1991 година.

Густав Вико не ја прифати тек така одлуката на своето семејство тој да биде на чело на компанијата. Често наведува дека иако таквата позиција му претставува голема чест, пред таа одлука разговарал со семејството дали е исправно тој да биде тој во чија сопственост ќе бидат половина од акциите на фирмата Салмар.

-Свесни сме за ризикот на ваквата одлука. Густав е момче, но сепак веруваме во него. Ваквата одлука може да влијае на него, воедно е и тест за неговиот карактер, наведува неговиот татко.

Густав ќе може да ужива во богатството само ако неговото семејство биде задоволно од неговото однесување, односно бидат сигурни дека парите и моќта нема да го променат.

Дел од парите младиот Вико реши да ги вложи во технички стартапови, како што е вложување во норвешката варијанта на апликацијата на Снепчет- Гобианд.

Младиот милијардер покрај сите свои работи кои го претставува на социјалните мрежи, стигнува и да присуствува на состаноците на управата на Салмар.

Во своите страсти Густав Магнар ја вбројува и модата, како и тетовирањето. На престижните модни ревии често може да се види и во првите редови.

Магнар обожава скапоцени одела…

Brrrbrrr ?

A post shared by Gustav Magnar Witzøe (@guswitzoe) on

Тој сака да се дружи со својата мајка Одни Вико.

Hey Mama, I wanna scream so loud for you, cause I’m so proud of you ?

A post shared by Gustav Magnar Witzøe (@guswitzoe) on

Покрај времето за инвестирање и развој, Магнар има време и за посети на егзотични дестинации.

??

A post shared by Gustav Magnar Witzøe (@guswitzoe) on

Крстарењето на скапоцените јахти го потполнува неговиот луксузен живот…

Dekksgutt

A post shared by Gustav Magnar Witzøe (@guswitzoe) on

И покрај се во што ужива, вели дека му е омилено времето кое го поминува со својот пријател, американскиот стафорд териер.

Stardog

A post shared by Gustav Magnar Witzøe (@guswitzoe) on

Коронавирус