недела, 27. септември 2020. Вести денес: 32
home Занимливости

Илјадници луѓе го гледаа „огнениот прстен“

Илјадници луѓе го гледаа „огнениот прстен“

Во неколку азиски земји, луѓето се собираа заради групно следење на Сончевото затемнување, познато и како „огнен прстен“. Оваа природна појава можеше да се набљудува од Шри Ланка, Индонезија, Индија, Саудиска Арабија и другите околни земји.

Прстенестото помрачување на Сонцето се случува кога Месечината го покрива центарот на Сончевиот диск, создавајќи така баш огнен прстен на небото.

Сончевото затемнување обично се случува еднаш или двапати годишно, кога Земјата е целосно или делумно во сенка на Месечината. Претходното затемнување на Сонцето се случи на 2 јули и можеше да се види само во Јужна Америка.

Следното целосно Сончево затемнување ќе се случи на 14 декември 2020 година и ќе биде видливо во јужен Чиле и Аргентина, како и над југозападна Африка и Антарктикот.

Коронавирус