сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 74
home Занимливости

Идеален интервал меѓу две бремености е најмалку една година

Идеален интервал меѓу две бремености е најмалку една година

Помалку од една година период меѓу две бремености значително зголемува ризик за успешно породување независно од возраста на мајката, објавија научници. Но, откако ќе помине една година, разликите речиси и да ги нема, тврдат канадски научници.

Резултатите од анализата за 150.000 бремености во Канада од 2004 до 2014 година објавени се во списанието Journal of the American Medical Association.

– Од таа студија се гледа дека сите бремености во малa временска разлика се ризични, вели Лора Шумерс од Универзитетот Британска Колумбија.

Интервал меѓу две бремености се смета како време од породување на едно до зачнување друго дете.

Во случај бременост да се случи во помалку од една година, ризик нема за мајки помлади од 35 години, но има за нивниот плод. Но, кај жени постари од 35 години ризикот се зголемува и за мајката и за детето.

Најголем е ако меѓу две бремености измине помалку од девет месеци. Но, добро е дека нема значителна разлика во ризикот ако интервалот меѓу бременостите биде од 12 до 24 месеци.

Според СЗО идеална временска интервал меѓу две бремености е две години, но најмалку 18 месеци.

Коронавирус