среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

И тоа бидна: Тушеви и тоалети за кучиња на аеродром (ФОТО)

И тоа бидна: Тушеви и тоалети за кучиња на аеродром (ФОТО)

Аеродромот „Итами“ во Осака постави тоалети за кучиња кои патуваат, вклучително и посебен држач на кој може да ја потпрат ногата.

Тоалетите ќе се наоѓаат во ограден двор надвор од терминалот, со тушеви и садови за вода, соопшти операторот „Кансаи ерпорт“.

Ова ќе биде првиот објект наменет за кучиња на еден јапонски аеродром, а целта на неговото поставување е милениците да се охрабрат да „завршат работа“ пред да влезат во авион на домашните летови.