недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

„Хрватската претседателка го возеше автобусот со фудбалерите“- Цела Африка лудува по Колинда која стана планетарен хит на СП (ФОТО)

„Хрватската претседателка го возеше автобусот со фудбалерите“- Цела Африка лудува по Колинда која стана планетарен хит на СП (ФОТО)

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ овие денови е вистинска планетарна ѕвезда, а сето тоа се должи на хрватската репрезентација која постигна голем успех на СП во Русија.

Светото ја запозна и засака Колинда само за неколку часа засенувајќи ги и најмоќните политичари на трибините како Владимир Путин, Емануел Макрон, Димитри Медведев, како и претседателот на ФИФА Џани Инфантини.

Колинда е апсолутен хит во секој поглед на социјалните мрежи и овие денови светските медиуми пишувале повеќе вести за неа, отколку за Лука Модриќ.

Колинда стана апсолутен хит и во Нигерија каде што овие денови поради лажните вести или (не стручноста) на новинарите целата јавност е убедена дека Колинда го возела автобусот на новинарите на дочекот во Хрватска.

Познатата нигерска блогерка Нкру Хоманн сподели фотографии од дочекот, а целата нација мислела дека Колинда го управувала автобусот.

-Видете како хрватската претседателка ги возела фудбалерите. Што да се каже, сакам да ви кажам нешто за оваа прекрасна претседателка, пишува во нејзиниот ФБ статус Хоманн.

Инаку нејзината објава на Фејсбук е споделена преку 17 илјади пати.