понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Занимливости

ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Во македонскиот град со многу професионални возачи на камиони заминаа по невестата со Скании (ВИДЕО)

ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Во македонскиот град со многу професионални возачи на камиони заминаа по невестата со Скании (ВИДЕО)

Камерата на „Делчево 365“ изминатиот викенд забележа невообичени сватови во Делчево, кои по невестата заминаа со десетина камиони – Скании.

Не е познато дали невестата со невестинскиот фустан успеа да се искачи во високите возила или влезе во една од елегантните возила, кои го придружуваа конвојот со камиони.

Порталот пишува дека Делчево е град во кој има околу 500 професионални возачи на камиони кои своето парче леб го вадат во западно европските земји. Оваа недела, камионите наместо по европските патишта, имаа чест да ја бараат раката на една делчевска девојка.