среда, 5. август 2020. Вести денес: 41
home Занимливости

Херојски потег на американски спортист: Фати детенце фрлено од стан кој гореше (Видео)

Херојски потег на американски спортист: Фати детенце фрлено од стан кој гореше (Видео)

Детето се спаси, но за жал мајката не успеа

Некогашниот играч на американски фудбал (НФЛ), Филип Банкс стана херој откако успеа да фати тригодишно дете кое мајката го фрли од балконот на домот кој беше во оган. Банкс играл американски фудбал додека бил во колеџ и бил на позиција надворешен фаќач. Токму оваа вештина да ги фаќа топките му помогна да го спаси животот на тригодишното детенце.

Банкс поминувал покрај зградата кога забележал како мајка на балконот на третиот спрат бара помош во домот во кој дивееле огнените пламени. Во еден момент се гледа како од балконот мајката го фрла детенцето, а тогаш Банкс успеа на неверојатен начин да го фати детето и да го спаси од сигурна смрт.

„Немаше време за размислување. Тоа беше инстиктивен потег. Само реагирав“, рече некогашниот спортист.

Освен тригодишното дете, соседот успеал да ја спаси и неговата мала сестричка, но за жал мајката не успеала да избега од запалениот стан и починала пред да биде изгасен огнот.

Коронавирус