недела, 25. август 2019. Вести денес: 23
home Занимливости

Херој на денот: Татко секој ден прави нешто чудесно за неговиот син безбедно да стигна до училиште (ВИДЕО)

Херој на денот: Татко секој ден прави нешто чудесно за неговиот син безбедно да стигна до училиште (ВИДЕО)

Ако некогаш и е тешко да стигнете до работа или училите, ве фати гужва на семафори, сетете се на овој човек од Виетнам.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од еден основец кој на патот кон своето училиште секојдневно се соочува со сериозни препреки за навреме да стигне на настава.

Имено, на патот помеѓу неговиот дом и училиштето се наоѓа река на која нема мост, поради што секој ден ова дете влегува во пластична вреќа преку која неговиот татко го пренесува од еден брег до друг, а сè со цел детето да пристигне на настава суво и чисто.

Како што пренесуваат локалните медиуми, тој внимателно го сместува детето во вреќата, по што влегува во вода и трпеливо го остава на другиот брег. Истата постапка ја повторува и во текот на враќањето на детето од училиштето.

На овој начин, тој но и многу други деца во Виетнам секое утро пристигнуваат на настава во точно време.

Гестот на овој татко ги воодушевил корисниците на социјалните мрежи, а повеќето кои ја виделе објавата навеле дека се надеваат дека детето знае да го цени трудот на неговиот татко кој секое утро се погрижува тој да пристигне на настава и да се образова.