среда, 14. април 2021. Вести денес: 173
home Занимливости

Гуштер од два метри влезе во продавница во Тајланд: Врескање и паника, а потоа животното почна да се качува по рафтовите (ВИДЕО)

Гуштер од два метри влезе во продавница во Тајланд: Врескање и паника, а потоа животното почна да се качува по рафтовите (ВИДЕО)

Рептил сличен на гуштер влегол во продавница во Тајланд, најверојатно во потрага по храна и предизвикал вистинска возбуда.

Застрашувачки гуштер долг скоро два метра влета во супермаркет во главниот град на Тајланд Бангкок и предизвика вистински хаос кога многу клиенти започнаа да трчаат кон вратата, врескајќи и уништувајќи сè пред себе за да се спасат од рептилот.

Сепак, иако изгледа како вистински ѕвер, овој вид гуштер не напаѓа луѓе, а се верува дека завршил во продавницата откако излегол од еден од блиските градски канали.

Животното се качувашена рафтовите и полиците во продавницата, уништувајќи ја стоката, а една девојка собра доволно храброст да го сними „чудовиштето“ откако се искачи на врвот на полицата, најблиску до светлината и остана таму скоро час.Се претпоставува дека на гуштерот му било ладно.

Патем, експертите за тој вид животни тврдат дека тие се искачуваат на височините само во случај на голем страв, поради што работниците од здружението за заштита на животни веднаш дошле по заскитаниот гуштер.

– Не успеаја да го фатат, тој самиот излезе и избега од продавницата. Зад нас има шума, па веруваме дека тој отишол таму – рече една од работничките во продавницата и додаде дека никогаш не видела гуштер со толкава големина.

Патем, веќе некое време има суша на Тајланд, па се верува дека животното барало храна. Имено, овој вид живее во канали и се храни со риби, змии, жаби и остатоци од храна оставени од луѓе. Поголемиот дел од каналите се исушија во последните неколку недели

Најнови вести

Коронавирус