Во приморскиот округ на Санкт Петербург во саботата вечер гром удри во громобранот на „Лахта центар“, највисоката зграда во Европа.
Вот для чего #ЛахтаНебоскреб #санктпетербург #Молния pic.twitter.com/lXevRhslzj
— MARZОNИО زينيت سان بطرس (@TINEZ_champions) September 9, 2018
Во текот на силното невреме, обилните врнежи, грмежи и ветер направија вистински метеж во градот, а корисниците на социјалните мрежи забележаа величенствени глетки од играта на молњата и громовите, меѓу кои и ударот во највисоката зграда во Европа.
За среќа, во текот на невремето никој не е повреден, а саботното невреме било едно од најсилните оваа година.
loading...