недела, 9. мај 2021. Вести денес: 114
home Занимливости

Градот кој излегува на две мориња нема да ве остави рамнодушни, а токму таму се наоѓа и една од најубавите европски плажи

Градот кој излегува на две мориња нема да ве остави рамнодушни, а токму таму се наоѓа и една од најубавите европски плажи

Фетије се наоѓа на идеална локација, а поради тоа што има излез и на Средоземно и на Егејско море е исклучително привлечен.

Во близина се наоѓа и една од најубавите плажи на планетата Земја.

На самиот врв на листата на најубавите плажи на светот се наоѓа и плажата Олудениз која што се простира на околу три километри.

Токму тоа е причината поради која што многу од туристите одлучуваат да летуваат во местото Фетије кое што излегува и на Егејско и на Средоземно море.

До плажата може да се стигне со локален автобус. Инаку, Олудениз е плажа која што е позната и по гребенот кој што се наоѓа на еден од нејзините краеви.

Летување за паметење

Освен по остатоците од тврдината, кои што во текот на 15-ти век на ова подрачје ја изградиле витезите од Родос, Фетије е познато и по бројните споменици од добата на хеленизмот, но и римските владетели.

Освен тоа, ова летувалиште секоја година го посетуваат сè поголем број на туристи, можеби токму поради плажите кои што не само што се најубави во Турција туку и во целиот Медитеран.

Најблискиот аеродром е оддалечен на околу 60 километри.

Фетије се смета за одлична локација за љубителите на параглајдерство со оглед на тоа што таму има поволни временски услови за тоа. Климата во градот е пријатна, а сезоната трае долго…

Сепак, плажата Олудениз во однос на Сината лагуна која што е дел од истоимениот национален парк, едно од основните обележја на ова летувалиште.

Во неа постојат бројни содржини за туристите, а освен традиционалните турски базари, хотелски комплекси, кафулиња и ресторани има и доволно дискотеки за оние кои што сакаат да се забавуваат навечер.

Коронавирус